ЕВРОПСКИ КЛУПСКИ КУП 2009

* 25-ти Европски клупски куп за мажи * 14-ти Европски клупски куп за жени *

  ---------------------------------Oхрид (MКД) - Октомври 03-11, 2009
 
 
Покровител

 

.: Пропозиции
.: Формулар за регистрација
.: Екипи - Опен
.: Екипи - Жени
.: Вести
.: Историјат
 
Медиумски покровител
 
Спонсор
 
ИТ Поддршка
 
Курсна листа
 
Вести
/10.09.2009/
1. Европско првенство во шах за новинари
(Охрид, 09-10.10.2009)

1. место
Небојша Баралиќ (Србија)
2. место
Марк Глуховки (Русија)
3. место
Виктор Новотни (Чешка)
повеќе >>>
/16.09.2009/
ВИЗИ - ПОСЛЕДНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
И покрај договорот со Агенцијата за млади и спорт, Организацискиот комитет ги известува сите учесници на ЕКК 2009 дека визите ќе ги добијат во надлежните Амбасади (конзулати) на Република Македонија.
Според договорот со Министерството за надворешни работи, шахистите и придружните лица визите ќе ги добиваат во конзулатите (амбасадите) на РМ во соодветните држави, односно во надлежните претставништва на РМ во други држави, овластени да издаваат визи на граѓани од други држави, според табелата дадена во www.mfa.gov.mk (Визен режим, дипломатски претставништва). Визите ќе ги добијат во ист иот ден кога и аплицираат . За добивање виза нема да им бидат потребни никакви документи како гаранција (покана или друго), освен неопходните фотографии и апликацијата.
Учесниците кои имаат регулиран престој во држава кон која не постои визен режим воведен од Република Македонија, со доказ за претстој односната држава и известување до организаторот на е-маил eclubcup@yahoo.com, ќе се стекнат со можност да добијат виза за престој во Република Македонија.
Играчите или придружни лица државјани на Кина и Индија ке добијат виза за период определен од соодветна амбасата на РМ. O вие лица , по проверката од страна на Министерството за внатрешни работи визите ке ги добијат 2 до 3 дена, или побрзо.
Исто така, з а добивање виза нема да им бидат потребни никакви документи како гаранција (покана или друго), освен неопходните фотографии и апликацијата.
Директор
Петар Гичаровски

/09.09.2009/
ВИЗИ - ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Во прилогот е списокот на учесници на турнирот на кои им е потребна виза со нивните податоци. Ги молиме клубовите и учесниците итно да ги проверат податоците и да ги испратат оние податоци коишто недостасуваат на Организаторот ( не подоцна од 11-ти септември ) преку eclubcup@yahoo.com.
За оние учесници чиишто податоци не се потполни, Организаторот не може да гарантира издавање на македонска виза на границата при влез во државата.
/05.09.2009/
1. Европско првенство во шах за новинари
(Охрид, 09-10.10.2009)
Организатор: Шаховска федерација на Македонија под покровителство на Европската шаховска унија.
Право на учество на првенството имаат сите новинари кои се вработени или активно соработуваат во пишани, електронски или интернет медиуми.
Својот статус новинарите го докажуваат со прес картичка или приложени трудови. Право на учество имаат новинарите кои живеат во европски држави. Натпреварувањето се игра според швајцарски систем во 7 кола.
Темпото за игра е 15 минути за игра по учесник за цела партија со додадок од 5 секунди за секој потег, почнувајќи од првиот.
Организаторот обезбедува шаховска опрема за игра.
Распоред на натпреварите:
9 октомври: 10,00 – 13,00: отворање на турнирот и првите три кола
10 октомври: 9,30 – 13,30: Останатите четири кола
Објавување на пласманите и поделбата на наградите ќе се изврши во тек на свеченото затворање на Европскиот клубски куп, на 10 октомври во 20 часот.
Членарина не се наплатува, а пријавите се примаат до почетокот на турнирот.
Награди: пехар, медали и стокови награди за тројца првопласирани.
Победникот се стекнува со титула Европски првак за новинари во шах за 2009 година.
На учесниците што им е потребно сместување може да контактираат со Организацискиот одбор по пат на и меилот: eclubcup@yahoo.com .
Лице за контакт во име на Организацискиот одбор е Петар Гичаровски Контакт лице во име на Европската шаховска унија е Дамир Левачиќ.
/29. август 2009/
Ви ја претставуваме понудата на Организацискиот одбор за кодексот на облекување на екипите за време на одржувањето на Европскиот клубски куп 2009. Европската шаховска унија и Организацискиот одбор ги поттикнуваат сите екипи да имаат ист спортски изглед за време на партиите. Маиците може да се нарачаат од Организацискиот одбор по прифатлива цена од 10 - 12 евра!
Екипите може да нарачаат најмалку 6 маици за машкиот турнир и 4 маици за женскиот турнир. Екипите може да изберат една од четирите понудени бои (зелена, бела, сива и крем), во четири големини (M, L, XL, XXL). Нарачките може да го имаат логото на екипата или спонзорот и името на играчот.
Нарачките, посебните побарувања и сите прашања може да ги испратите на eclubcup@yahoo.com .

ЗОШТО ТРЕБА ДА СЕ СТАНДАРДИЗИРА КОДЕКСОТ НА ОБЛЕКУВАЊЕ НА ЕКИПИТЕ
Шаховската организација наскоро ќе разговара за стандардизација на Кодексот за облекување на екипите на најважните Европски шаховски натпреварувања од следните причини.
•  Заедничка и поадекватна појава на спортскиот пазар
•  Поатрактивна слика за медиумите од целиот свет
•  Подобра информација за набљудувачите и судиите во салите за играње
•  Соработка со главните спортски брендови кои би можеле да дизајнираат специјална колекција за стотина илјади шахисти
•  Подобра промоција на спонзорите и шаховските организации
•  Во блиска иднина, клубовите и националните екипи би можеле да направат договори со врвните шахисти и комерцијална експлоатација на нивните маици.
Европски клубски куп 2009
Организациски одбор
/20. август 2009/
Втората прес-конференција
Втората прес-конференција на Организацискиот комитет на Европскиот клубски 2009 се одржа во хотелот Арка во Скопје на 20 август 2009 г.

Учесници се: Петар Гичаровски, директор на ЕЦЦ 2009 и претседател на ШФМ; Драган Ѓурчевски, член на ОК и Директор на Агенцијата за млади и спорт на РМ; Благоја Богоевски, Претседател на ОК на ЕЦЦ 2009 и Марина Поп Панкова, администратор на ЕЦЦ 2009.

Директорот Петар Гичаровски ја истакна поддршката на Претседателот на ЕЦУ г-дин Борис Кутин за добивање финансиска помош од Владата на Република Македонија, односно од Премиерот Никола Груевски.

Директорот Драган Ѓурчевски изјави дека Агенцијата за млади и спорт и ШФМ и понатаму ќе се ангажираат Република Македонија да биде домаќин на големи шаховски натпреварувања.

Претседателот на ОК Благоја Богоевски информираше дека досега се пријавени 59 екипи за опенот и 19 за женскиот куп, и затоа треба да се очекува да се надмине минатогодишниот рекорд во учество на екипи.
/17. август 2009/
ВИЗИ - ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Во договор со Агенцијата за млади и спорт на Владата на Република Македонија, сите учесници на Европскиот клубски куп, на кои што им е потребна виза за влез, овој документ ќе го добијат на граничниот премин, при влез во Република Македонија.
Неопходно е сите податоци (број на пасош, дата на издавање и до кога важи пасошот, дата на раѓање, како и време и место на влез во земјата) да бидат доставени на организаторот, најдоцна до 4-ти септември.
/08. август 2009/
Организацискиот одбор на Европскиот Клубски Куп со задоволство Ви соопштува дека до сега се пријавени 59 клубови во Open и 13 клубови во женскиот дел од натпреварувањето. Вкупно 72 клубови од 37 Европски земји.
Со оглед на тоа што некои од Федерациите се уште не потврдиле учество на свои екипи, постои голема можност на натпреварувањето во Охрид да се забележи рекорден број на екипи во Open секцијата! Ги повикуваме екипите кои не се пријавени, да го контактираат организаторот во врска со резервациите за хотелското сместување.

/05. август 2009/
И покрај вложените напори и низата на ветувања, организаторот на турнирот до денес не успеа да потпише договор со авио-компанијата, во врска со директните летови за Охрид.
Ја објавуваме оваа информација за клубовите да бидат во можност на време и по многу поповолни цени да ги резервираат авионските карти. Организаторот е подготвен да ја пружи максималната помош и да ги препорача најдобрите можни опции.

/15. јул 2009/
Вондредниот Конгрес на Европската шаховска унија, одржан на 11-тти јули во Калитеа, конечно потврди дека Европскиот клубски куп ќе биде одржан во Охрид, како што беше планирано. Ги потсетуваме Федерациите, членки на ЕЦУ, кои до сега не испратиле пријави, да ги пријават своите екипи ѕа учество во предвидениот рок до 31-ви јули.
/12. јун 2009/
Пријава на првакот на Европа

Господин Jean Michel Rapaire , претседател на клубот "Cercle d'Echecs de Monte-Carlo" , актуелниот првак на Европа во женска конкуренција, испрати писмо до директорот на турнирот - Петар Гичаровски со кое го потврдува учеството на машката и женската екипа на натпреварувањето во Охрид. Со тоа, бројот на досега пријавените екипи се искачи до бројот пет (три екипи во машка и две екипи во женска конкуренција).

/07. јун 2009/ Авионски трасфер- Важна информација
Организацискиот одбор на Европскиот клубски куп ги известува заинтересираните клубови дека во тек се преговори за организирање на два директни лета за Охрид на 3-ти октомври и на 11-ти октомври од Охрид.
Цените ќе бидат многу поволни. Заради тоа, на клубовите не им советуваме да вршата резервации на карти до 30-ти јуни.

/05. јун 2009/ Први пријави
“Werder Bremen” од Германија и “1. Novoborsky SK” од Чешка се првите екипи кои се пријавија на организаторот на Европскиот клубски куп.
За ова натпреварување владее голем интерес, па се очекуваат пријави на околу 60 клубови во машка и 20 во женска конкуренција со 200 носители на највисоката, велемајсторска титула и многу светски асови.

/04. јун 2009/ Младински шаховски камп - Струга
Европската шаховска унија и Шаховската федерација на Македонија имаат чест да ги поканат сите Европски шаховски федерации кои се членки на ФИДЕ и ЕЦУ да земат учество на Првиот континетален младински шаховски камп 2009. Кампот ќе се одржи во Струга, на брегот на Оридското езеро (термините се 1 - 9 јули 2009). ПОКАНА (*.doc) >>>

Коментари по денови
ВМ Влатко Богдановски
ИМ Атанас Кизов
 
17. Eкипно првенство
на Европа

Нови Сад (Србија)
21-31.10.2009
 
10th Individual European
Chess Championship

Rijeka (Croatia)
05-19.03.2010
 
 
 
 
 
Охрид
Карта на Охрид
Хотел "INEX Горица"
Хотел "Гранит"
 
   
Free counter and web stats