1. Покана
Европската шаховска унија и Шаховската федерација на Македонија имаат чест да ги поканат сите Европски шаховски федерации кои се членки на FIDE и ECU да земат учество на 25-тиот Европски клубски куп за мажи и 14-тиот Европски клубски куп за жени. Првенството ќе се одржи во Охрид (190км јужно од главниот град Скопје). Термините се 3-ти октомври (датум на пристигнување) и 11 октомври 2009 (датум на заминување).
2. Учество
Правилата кои следат се „ECU правилата за турнири„ кои се одобрени од Генералното Собрание на Европската Шаховска Унија. Право на учество имаат сите Европски федерации. Според Правилата, право на учество на Европскиот клубски куп имаат:
- URAL Sverdlovskaya (Русија), актуелни носители на титулата во машка конкуренција
- Cercle D`Echecs de Monte Carlo, актуелни носители на титулата во женска конкуренција
- Два клуба од федерација во чија држава се организира Национално екипно натреварување, по еден клуб од федерација во чија држава не се организира Национално екипно натпреварување
- Учество на трет клуб е дозволено за оние федерации кои имаат најмалку 20 велемајстори во своите Национални екипни натпреварувања и/или натреварувачи кои имаат над 2600 поени на ранг-листата на FIDE.
- Дозволено е учество на еден дополнителен клуб (само во машка конкуренција) за федерациите кои се рангирани на првите пет места на ранг-листата на федерациите. За 2009 година, тоа се федерациите на Русија, Чешка, Ерменија, Босна и Херцеговина и Германија.
3. Партиципација за ECU
3.1. Според Правилата на ECU, секоја федерација треба да плати партиципација за учество од 300 ЕУР за клубовите кои настапуваат во натпреварувањата за мажи и 200 ЕУР за клубовите кои настапуваат во натпреварувањата за жени
3.2. Според Правилата на ECU (Art. B.9.5.1), партициапацијата за учество мора да биде платена пред или на самиот почеток на натпреварувањето. Доколку не биде платена до крајот на втората рунда, тие екипи нема да бидат земени во превид за наредните рунди.
4. Пријавување, регистрација
4.1. Оние федерации кои сакаат да учествуваат со една или повеќе екипи, мора да го информираат Организацискиот Комитет до 31-ви Јули, 2009 година, прецизирајќи го бројот на екипи кои ќе јчествуваат во натпреварувањето.
4.2. Формуларите за учество мора да бидат комплетно пополнети и испратени до Канцеларијата на Турнирот најдоцна до 4-ти септември. Може да бидат испратени по факс или по пошта со печат од Федерацијата, а исто така може да бидат испратени и на официјалниот е-маил. 4-ти септември е крајниот рок за пријавување.
Во формуларот за учество мора да биде напишен основниот состав на екипите.
4.3. Комплетниот формулар за учество мора да го има презимето, името, матичниот број, бројот на пасош и FIDE рангирањето, како и титулата на секој од натпреварувачите. Исто така, мора до го има името и телефонот /е-маил/ број на факс на Шефот на делегацијата и лицето кое е одговорно за клубот.
4.4. Копии од формуларите за учество треба да се испратат и до:
- Директор на Турнирот Dirk De Ridder (e-mail: ECU_DirkDeRidder@skynet.be) за натпреравувачите во машка конкуренција, а за натпреварувачите во женска конкуренција до Werner Stubenvoll (e-mail: werner.stubenvoll@liwest.at)
4.5. Сите формулари за учество мора да бидат испратени од Федерацијата на државата - учесник. Формуларите кои не се поддржани од Федерацијата, нема да бидат земени во предвид!
4.6. Екипите нема да бидат земени предвид за двојки, с è додека не ги исполнат сите детали за регистрација.
ВАЖНО ЗА НАТПРЕВАРУВАЊАТА ВО МАШКА И ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА
Со цел да се избегне проблемот со промена на составот на екипите во последен момент, кои не се во склад со Правилата на ECU за Европскиот Клубски Куп, секоја федерација треба да испрати копии од клубските листи на националната екипа до Директорот на Турнирот.
5. Детали за патувањето
5.1. За сите учесници, лица во придружба и новинари, организаторот овозможува превоз од Скопскиот аеродром (60 ЕУР повратен билет) и од Охридскиот аеродром (20 ЕУР повратен билет).
5.2. Транспортот ќе биде достапен на 3-ти октомври (присигнување) и на 11-ти октомври (заминување). Доколку организаторот е во можност, ќе прифати посебни барања од клубовите во врска со датумот на трансферите.
5.3. Играчите и лицата во придружба кои ќе патуваат во сопствен аранжман, мора јасно да го нагласат тоа за време на регистрацијата. Тие самите ќе бидат потполно одговорни за сите можни проблеми кои би настанале за време на нивното пристигнување и заминување, како и заради евентуално задоцнување на Шампионатот.
5.4. Најдоцна до 30-ти јуни, организаторот ќе овозможи специјални поволности за авионските карти за натпреварувачите, па затоа е пожелно да се направи резервација на картите по овој датум!
6. Плаќање
6.1. До крајниот рок за регистрација (4-ти септември), сите средства треба да бидат уплатени на следната сметка:
Chess school "Kozle 73" - Skopje
Swift: STOB MK 2X
IBAN: MK07200001956816591 |
6.2. Провизијата за странските банки, треба да биде платена од страна на испраќачот на средствата. Доколку тоа не е платено, организаторот ќе ја наплати со фактура, која мора да биде целосно платена пред почетокот на втората рунда.
7. Сместување, оброци
7.1. Сместувањето и оброците за натпреварувачите и нивните придружни лица, ќе бидат во следните официјални хотели, предложени од организаторот:
Хотел „INEX Горица„ - Охрид *****
(капацитет - 100 соби)
Еднокреветна соба со полн пансион: 75 ЕУР
Двокреветна соба со полн пансион: 59 ЕУР (по лице)
Хотел „Гранит„ - Охрид ****
(капацитет - 100 соби)
Еднокреветна соба со полн пансион: 69 ЕУР
Двокреветна соба со полн пансион: 54 ЕУР (по лице)
Хотел „INEX Дрим„ - Струга ****
(капацитет - 200 соби)
Еднокреветна соба со полн пансион: 63 ЕУР
Двокреветна соба со полн пансион: 49 ЕУР (по лице)
Хотел „Парк„ - Охрид ***
(капацитет - 60 соби)
Еднокреветна соба со полн пансион: 54 ЕУР
Двокреветна соба со полн пансион: 39 ЕУР (по лице)
7.2. Доколку екипата не сака да ги користи официјалните хотели за нивните учесници, со регистрацијата мора да се доплатат дополнителни 100 ЕУР по лице, за акредитација.
7.3. ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ
7.3.1. Во сите хотели (***** и ****), учесниците имаат бесплатен интернет во собите!
7.3.2. До 15-ти јули, пред-резервацискиот период е предвиден за следните екипи:
Хотел „INEX Горица„ - за првите 15 рангирани екипи од Клубскиот Куп 2008
Хотел „Гранит„ - за екипите кои се натпреваруваат во женска конкуренција
По таа дата, сите хотели ќе бидат на располагање на екипите.
7.3.3. Организаторот може да гарантира сместување во одреден хотел, само доколку резервацијата и плаќањето се извршени на време. Од 15-јули, официјалниот сајт на Турнирот ќе ги објави хотелите кои ги има на располагање.
8. Сали за одржување на турнирот
Купот ќе се одржи во хотелот „Горица„ (во машка конкуренција) и во хотелот „Гранит„ (во женска конкуренција).
Оддалеченост на хотелите од салата за играње:
Хотел „Гранит„, Охрид **** - 1,7 км
Хотел „INEX Дрим„ - Струга **** - 12 км (15 минути со минибус)
Хотел „Парк„, Охрид *** - 0,5 км
Организаторот ќе обезбеди превоз од споменатите хотели до салата за играње спорет следниот план:
- пред почетокот на секоја партија (освен последната) во периодот помеѓу 14h и 14:30h
- враќање во хотелите на секој половина час, почнувајќи од 17h
9. Распоред
| Сабота |
Октомври 3-ти |
|
Пристигнување на учесниците |
| |
|
20.00 |
Свечено отворање |
| |
|
22.30 |
Состанок на капитените |
| Недела |
Октомври 4-ти |
15.00 |
1-ва рунда |
| Понеделник |
Октомври 5-ти |
15.00 |
2-ра рунда |
| Вторник |
Октомври 6-ти |
15.00 |
3-та рунда |
| Среда |
Октомври 7-ти |
15.00 |
4-та рунда |
| Четврток |
Октомври 8-ти |
15.00 |
5-та рунда |
| Петок |
Октомври 9-ти |
15.00 |
6-та рунда |
| Сабота |
Октомври 10-ти |
15.00 |
7-ма рунда |
| |
|
22.00 |
Свечано затворање |
| Недела |
Октомври 11-ти |
|
Заминување на учесниците |
Според правилата на ECU, екипите кои нема да присуствуваат на техничкиот состанок нема да бидат земени предвид.
10. Основни правила на натпреварувањето
10.1. Купот ќе се одржи во 7 рунди, играни во швајцарскиот ситем, во согласност со Правилата на ECU за турнири.
10.2. Спорет Правилата на FIDE и ECU, времето ќе биде 90 мин за 40 потега, плус 30 мин за остатокот на играта со продолжување од 30 сек. за секој потег, почнувајќи од првиот.
11. Дополнителни правила на натпреварувањето
11.1. Важно: Во овие натпреварувања ќе се користи новото правило на FIDE 6.6.а. „Секој натпреварувач кој ќе пристигне на шаховската табла по почетокот на сесијата, ќеја загуби партијата„
11.2. Не е дозволено анализирање во салата за играње
11.3. За време на партијата на играчите не им е дозволено да одат во собата за анализирање и во собата за новинари.
11.4. Фогорафирање со блиц е дозволено само во првите 10 минути од сесијата.
11.5. Во салата за играње пристапот им е дозволен само на играчите и на судиите, освен со специјална дозвола на Главниот Судија.
11.6. На играчите не им е дозволен влез во затворената сала за играње на врвните табли, освен ако самите на учествуваат таму.
11.7. Додека трае играта, играчите смеат да зборуваат само со судијата или со својот противник, како што е дозволено според Законите на Шахот.
11.8. Во врска со странците, стриктно ќе се следат ECU F1.2. правилата.
11.9. Треба да се обрне особено внимание на фактот дека ова натпреварување ја нуди можности да се достигнат GM или IM - нормите во седум рунди
11.10 Ниту една екипа или федерација која има заостанати долгови кон Европската Шаховска Унија, нема да биде земена во предвид за учество во овој натпревар.
11.11. Претпоставуваме дека сите учесници ги имаат прочитано Правилата на Турнирот и се обврзани да ги почитуваат истите.
11.12. Англиската верзија на овие Правила на Турнирот е автентичната верзија.
12. Судим и Комитет за апелација
Имињата на Главниот Судија и членовите на Комитетот за Апелација, ќе бидат објавени не подоцна од 1-ви септември 2009 година.
13. Информации
Билтенот на турнирот ќе биде на CD, кое ќе биде бесплатно за сите учесници. Секоја екипа ќе добие 2 CD-а.
Пред започнување на турнирот, информациите преку интернет ќе бидат достапни на: http://www.ecc2009.com/
На овој сајт ќе бидат објавени формуларите за пријавување.
14. Информации за визниот режим
Организаторот ќе им овозможи потполна поддршка на учесниците со цел да се забрза процесот за издавање на визи во Амбасадите и конзуларните претставништва на Република Македонија или на границата со Република Македонија, во време на нивното пристигнување.
Цените на визите зависат од валидните закони во тој момент.
15. Награди
15.1. Првите три првопласирани екипи ќе добијат пехари. Секој член на победничката екипа (играчите, резервите и капитенот) ќе добијат златни медали. Натпреварувачите од второ и трето-пласираната екипа ќе добијат сребрени и бронзани медали.
15.2. За најдобро пласираната екипа и за индивидуален резултат за најдобра табла во машка конкуренција, организаторот овозможува награда од 35.000 ЕУР. За најдобро пласираната екипа и за индивидуален резултат за најдобра табла во женска конкуренција, организаторот овозможува награда од 10.000 ЕУР.
15.3. Наградниот фонд од 45.000 ЕУР е поделен на следниот начин:
15.3.1. Екипни награди
| КЛУБСКИ КУП |
| 1-во место 11.000 ЕУР |
| 2-ро место 5.500 ЕУР |
| 3-то место 4.125 ЕУР |
| 4-то место 2.750 ЕУР |
| 5-то место 2.750 ЕУР |
| 6-то место 1.375 ЕУР |
|
|
| КЛУБСКИ КУП ЗА ЖЕНИ |
| 1-во место 3.750 ЕУР |
| 2-ро место 1.875 ЕУР |
| 3-то место 1.125 ЕУР |
| 4-то место 750 ЕУР |
| |
| |
|
15.3.2. Индивидуални награди (за најдобра табла)
| КЛУБСКИ КУП |
| 1-во место 700 ЕУР |
| 2-ро место 500 ЕУР |
| 3-то место 300 ЕУР |
|
|
| КЛУБСКИ КУП ЗА ЖЕНИ |
| 1-во место 250 ЕУР |
| 2-ро место 150 ЕУР |
| 3-то место 100 ЕУР |
|
15.3.3. Рангирањата за најдобри резултати за табла ќе бидат пресметани според правилата за турнири на ECU.
15.3.4. Наградите за екипни резултати се во сопственост на клубовите, а наградите за индивидулани достигнувања се во сопственост на играчите.
16. Валута
Локалната валута е македонски денар.
Организаторот ќе објави валидна курсна листа на официјалниот веб сајт.
17. Медицинска грижа
За времетраењето на Купот ќе биде обезбедена медицинска екипа, според правилата за турнири на FIDE.
18. Струја
Волажата е 220 волти.
19. Канцеларија на Купот
Сите неопходни информации може да се добијат на официјалниот сајт на Купот: http://www.ecc2009.com/ или на е-маил eclubcup@yahoo.com
Директор на турнирот - Петар Гичаровски
Лице за контакт - Марина Поп Панкова
Телефон: +389 72 272 020